Џудо клубот Дрим од Струга освои четири медали – 1 сребрен и 3 бронзени на Меѓународниот турнир „Гладијатор опен 2017“ во Пловдив, Бугарија.
Дрим настапи со четири натпреварувачи и освои 4 медали и пехар за најдобра странска екипа во конкуренција на полетарци.
Медали освоија: Анамарија Стојмиловска – сребрен, Александар Шулески, Доријан Петкоски и Вилијан Павловиќ – бронзи.
„Горд сум на моите џудисти за освоените медали и пехарот. Браво дечки, вие ми давате мотив за работа“, изјави тренерот Ѓорги Стојанов!
Ipon.mk/В.Д.