Дрим домаќински до 13 медали на Државните џудо првенства за сениори и помлади пионери

На Државните џудо првенства за сениори и помлади пионери во Струга, ЏК Дрим освои 13 медали – 6 во сениори (2 златни, 2 сребрени и 2 бронзени) и 7 во помлади пионери (2 златни, 2 сребрени и 3 бронзени).

Со медали се закитија:

Сениори
1.Христијан Глигороски -90 кг златен
2.Андреј Чакаровски -100 кг златен
3.Марин Билјаноски – 90 кг сребрен
4.Андреј Симоноски – 66 кг сребрен
5.Амар Оџа – 100 кг борнзен
6.Георги Прензоски – 73 кг бронзен

Одлични борби прикажаа и Андреј Вељаноски, Дион Лена, Никола Протугеров, Марио Нелоски, но не се закитија со медали.

Помлади пионери:
1.Доријан Петкоски – златен
2.Катерина Клењоска – златен
3.Елеонора Јосифоска – сребрен
4.Амар Бајрамоски – сребрен
5.Давид Спироски – бронзен
6.Мишела Јаулеска – бронзен
7.Матеј Балоски – бронзен

„Одлични беа и Мила Стојмиловска, Бојан Ѓиновски и Драган Антониевски но не освоија медали.

За некои од помладите пионери ова беше и нивни прв натпревар и затоа за нив е ова голем успех.

А кај сениорите докажаниот квалитет и напорна работа си го направија своето да бидеме на врвот!“, велат од Дрим.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON