Дрикус ду Плесис подобар и во реваншот од Шон Стрикленд – Жанг Вејли продолжува да доминира

Диркус ду Плесис стигна до уште една голема победа во преполната Квадос бен арена во Сиднеј. Јужноафриканецот со уебдлив настап на УФЦ 213 со едногласна одлука го победи Шон Стрикленд и вторпат по ред ја одбрани титулата во средна категорија.

Овој пат, Ду Плесис беше многу поубедлив отколку во првата борба пред нешто повеќе од една година кога со поделена одлука го победи Стрикленд.

Тоа беше 11-та победа по ред за јужноафриканскиот борец (вкупно 23-та) и втора одбрана на титулата. Минатиот август со завршница во четвртата рунда го победи поранешниот шампион Израел Адесања.

Дрикус и Шон претпазливо влегоа во мечот и се обидоа да се заканат со ножни удари. Ду Плесис беше малку поактивен, но Американецот успешно се бранеше и се држеше на дистанца. Ја завршија првата руна без премногу ризици.

Јужноафриканецот продолжи да се заканува со ножни удари, при што до средината на втората рунда зададе 11 удари со нога. Борбата продолжи да се води само на нозе во која Дрикус беше поуспешен.

Во третата рунда продолжи тактичкото надмудрување, но и нешто поотворена борба во која и двајцата упатија неколку одлични удари. Ду Плесис кон крајот на борбата неуспешно се обиде да го собори Стрикленд.

Шампионот на почетокот на четвртата рунда му зададе силен удар на Американецот, кој се тетеравеше, но остана на нозе. Во возбудливи пет минути и двајцата си разменија многу удари, а Шон од судирот излезе со скршен нос.

Последната рунда понуди акциски огномет, но Дрикус ду Плесис знаеше дека има убедливо водство кај судиите и го контролираше мечот без да презема премногу ризик. Двајцата си разменија неколку комбинации, но не можеа сериозно да му се заканат на противникот.

Јужноафриканецот со уште еден одличен настап потврди дека моментално е најдобриот борец во средна категорија во најголемата светска ММА организација.

Големата кинеска воинка Жанг Вејли по пет одлични рунди со едногласна одлука ја победи Американката Татјана Суарез и ја одбрани титулата во сламка категорија.

Татјана Суарез одлично го отвори мечот и веднаш ја собори Кинеската, но шампионката успеа да се ослободи од заканата, а во вториот дел од првата рунда таа беше таа што ја контролираше борбата на партер. Слично беше и во остатокот од борбата.

Во третата рунда Жанг Вејли со добро ја погоди Американката со десно кроше која остана на нозе. Двете разменија уште неколку одлични удари, но шампионката продолжи да доминира.

Американката заработи длабока расекотина на десното колено, но тоа не ја спречи да ја издржи многу исцрпувачката борба која најмногу се водеше на партер.

Финалето целосно и припадна на Кинеската, која мораше многу да се помачи за да стигне до петтата победа во низа (26-та севкупно). Ова е шеста титула во УФЦ за Жанг Вејли во кариерата и трета последователна одбрана.

Во мечот во тешка категорија непоразениот Бразилец Талисон Тешеира за само 35 секунди во дебито во УФЦ го заврши австралиско-новозеландскиот борец Џастин Тафа, заработувајќи ја осмата победа во кариерата (7 нокаути и завршница).

Борбата во полутешка категорија меѓу Џими Клајт и Родолфо Белато заврши нерешено, додека во средна категорија Џејк Метјуз убедливо со едногласна одлука го победи Франциско Прадо.

Резултати од УФЦ 312:

Диркус ду Плесис (в) – Шон Стрикленд – едногласна одлука (50–45, 50–45, 49–46)
Џанг Веили (в) – Татјана Суарез – едногласна одлука (49–46, 49–46, 49–45)
Талисон Тешеира – Џастин Тафа – ТКО (лакт и удари), Р1 (0:35)
Џими Крут – Родолфо Белато – нерешено (29–27, 28–28, 28–28)
Џејк Метјуз – Франциско Прадо – едногласна одлука (30–27, 30–27, 30–27)

Воведни борби:

Габриел Сантос – Џек Џенкинс – завршница (задушување одзади), Р3 (2:06)
Том Нолан – Вијачеслав Боршчев – едногласна одлука (29–28, 29–28, 30–27)
Ванг Конг – Бруна Бразил – едногласна одлука (30–27, 30–27, 30–27)
Александре Топурија – Колби Тикензе – едногласна одлука (30–27, 30–27, 30–27)
Ронг Жу – Коди Стил – едногласна одлука (30–27, 30–27, 30–27)
Џонатан Микалеф – Кевин Жусет – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Квилан Салкилд – Аншул Џубли – ТКО (удар), Р1 (0:19).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО