Тркалото на УФЦ не запира и веќе може да се радуваме на следниот нумериран турнир на 17-ти август.
УФЦ 305 ќе се одржи во Перт, Австралија, и ќе биде предводен од борбата за титулата во средна категорија. Битката на двајца борци кои постојано се борат за тоа кој е вистинскиот претставник на африканскиот континент ќе ги има сите параметри на апсолутна војна.
Дрикус ду Плесис и Израел Адесања се борат веќе една година, а сега ќе треба да се соочат во кафез. Неодамна се одржа првата прес-конференција на која двајцата застанаа лице в лице. Дрикус не е импресиониран од Адесања и верува дека наскоро ќе ги закачи ракавиците.
„Помал е, отколку што мислев. Ова е лоша вест за него. И покрај тоа што се обидува да се убеди себеси и другите дека е уште овде, мислам дека знае дека тука му е крајот. Одамна ги изгубил гладот и ентузијазмот. Без него нема што да се прави тука“, изјави Дрикус ду Плесис.