Дрикус Ду Плесис го посака Израел Адесања за првата одбрана на титулата

Шампионот на УФЦ во средна категорија, Дрикус Ду Плесис, изјави дека се уште се опоравува од повредите и дека не сака прерано да се врати во октагонот.

Сепак, Ду Плесис очекува да се соочи со Израел Адесања во првата одбрана на титулата и има предизвик за поранешниот шампион.

„Значи, тврдиш дека сакаш да го влечеш мојот труп низ Јужна Африка, како што кажа“, рече Ду Плесис на видео подкастот „Хастлерс корнер “. „Значи, биди маж и ајде да го направиме тоа“.

Ду Плесис ја одбил борбата со Адесанја на УФЦ 300, наведувајќи ги повредите на ногата кои ги добил при победата за титулата против Шон Стрикленд.

Но, шампионот во средна категорија рече дека неговиот тим работи на организирање на борбата со Адесања, со кого има неразешена работа од УФЦ 290.

„Се обидувам“, рече Ду Плесис за борбата за титулата. „Разговараме, дефинитивно. Тоа е она што луѓето сакаат да го видат и тоа е она што сакам да го правам. Сакам да се борам со најдобрите момци. Тоа е забавен спорт“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON