Дрикус Ду Плесис до Переира: Те предизвикувам!

Новиот шампион на УФЦ во средна категорија (до 84 килограми) Дрикус Ду Плесис ги коментираше неодамнешните зборови на поранешниот шампион во средна категорија на промоцијата, Алекс Переира.

На социјалните мрежи Переира напиша дека размислува за последна борба за титулата во средна категорија. Алекс го држи појасот во полутешка категорија и сака да поседува две титули во исто време. Ду Плесис стана шампион на УФЦ во средна категорија по победата во борбата со Шон Стрикленд. Тие се бореа минатиот викенд во Канада, каде Ду Плесис победи со одлука.

Переира беше во аголот на Стрикланд и очигледно сака да му се одмазди. Предизвикот на Переира не го вознемири Ду Плесис, кој исто така излезе со предизвик.

„Алекс Переира, те предизвикувам! Би ми било чест да го споделам кафезот”, напишал Ду Плесис.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by P U N C H E R ™ (@mmapuncher_tm)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON