Младиот македонски борач Драган Велинов (-110 кг) ги загуби и двете борбие на младинските Олимписки игри во Буенос Аирес, Аргентина. Во првата борба загуби со туш од младиот мексикански борач Орозко Кортес.Против рускиот борач кој е и фаворит за златен медал, Сергеј Козирев од Русија, немаше многу шанси и загуби со туш.
И покрај двата пораза, како трето пласиран во групата, Велинов ќе се бори за петото место против Томас Барнс од Австралија на МОИ во Буенос Аирес.
Ipon.mk