Доставено барањето за вонредно Собрание на Боксерската федерација на Македонија

Njadobar Bokser 2015 - site nadvor

Иницијативниот одбор на боксерските клубови во Македонија (Оливер Станоков, Фатон Салиху и Илија Младеносвки) достви барање до Босерската федерација на Македонија за свикување на вонредно Собрание.

Раководството на БФМ и претседателот Војо Настевски треба во рок од 14 дена да го свикаат Собранието, ако не го напрват тоа тогаш Иницијативниот одбор ќе го свика.

Од ИО истакнуваат дека имаат и кандидат за претседател.

Да потсетиме дека БФМ е суспендирана од страна на АИБА поради неплатена членарина за две години. Поради ова нашите боксери Гоце Јанески и Јасин Лама не можат да учествуваат на Светското првенство. Од друга страна, „Златниот гонг“ е избришан од каленадарот ЕБУЦ.

Досега немаше на кого да го предадат барањето за свикување на вонредно Собрание, бидејќи секретарот на Федерацијата, Душко Сачкарски, не беше во канцеларијата, која им е дадена на услуга поради тешката ситуација, затоа што со месеци не земал плата, можеби и години.

Од Иницијативниот одбор велат дека речиси сите клубови ја поддржуваат иницијативата за вонредно Собрание.

Ipon.mk/В. Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON