По откажувањето на борбата против Александар Волков пред три недели поради бактериска инфекција во ногата, Жуниор дош Сантос (21-6, 15-5 УФЦ) закажа нова борба.
Поранешниот шампион во тешка категорија на УФЦ на 25 јануари во главната борба на настанот во Рали, Северна Каролина, ќе се соочи со Кертис Блејдс (12-2, 7-2 УФЦ) во 5 рунди.
35-годишниот Бразилец во последната борба во јуни загуби со нокаут за 71 секунда од Френсис Нгану и ја прекина серијата од три победи.
Блејдес (28) од нокаут-поразот од Нгану во ноември минатата година за 45 секунди нанижа победи против Џастин Вилис и Шамил Абдурахимов.