Легендата на УФЦ Жуниор дош Сантос е разочаран од одлуката што ја донесе Федор Емелијаненко. Пред неколку дена стана познато дека Федор избрал да се бори со Тимоти Џонсон на деби гала вечерта на Белатор во октомври.
Така, Федор ќе се бори со Џonонсон во главната борба на Белатор 269 во Москва. Скот Кокер постојано велеше дека Федор ќе се бори со Жуниор, Алистер Оверем или Џош Барнет. За жал, ова не е она што го избра легендарниот борец.
Ретко кој очекуваше Емелијаненко да го избере Џонсон, но има причина за овој избор. Тимоти се бореше со Валентин Молдавски на крајот на јуни и Молдавски го победи, освојувајќи ја привремената титула во тешка категорија.
Валентин е штитеник на Федор, кој му помогна во кампот за Џoонсон и многу добро знае што да очекува. Федор лесно ќе се подготви за борба со Тимоти, која најверојатно ќе биде неговата последна во ММА.
Ова не е она што го очекуваше Дош Сантос.
„Скоро ништо не знам за Тимоти Џонсон. Мислев дека ќе бидам добра опција за противник на Федор Емелијаненко во неговата последна битка. Мислев дека сака добра борба за да ги возбуди навивачите. Тоа ќе беше случај ако ме избереше мене, Алистер Оверем или Фабрицио Вердум.
Очекував такво нешто, но работите се спротини на моите очекувања. На крајот го избра Тимоти Џонсон. Не знам како ќе заврши оваа средба. Мислам дека ќе беше подобро да ме избереше мене, Оврем, Вердум или Џош Барнет.
Федор е најголем и сум негов фан. Очекував дека ќе сака да им даде супер битка на навивачите како за последна средба. Битка за привлекување на вниманието на целиот свет. Сепак, тој тргна по друг пат. Не знам зошто го стори тоа, но разочарувачки е. Не можам да кажам дека не сум разочаран“, изјави Дош Снтос за ММАФајтинг.