Доналд Трамп ќе го коментира мечот меѓу Холифилд и Белфорт

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ќе биде гостин коментатор на претстојното издание на „Трилер фајт клуб“, во кое ќе биде вклучен боксерскиот меч меѓу Витор Белфорт и Ивандер Холифилд како главен настан.

Веста ја потврди и самиот Трамп.

„Ми се допаѓаат добри борци и добри битки. Очекувам да ги видам и двајцата викендов и да го споделам мојот коментар. Не пропуштајте го овој специјален настан”.

Пред да влезе во политиката, Трамп беше домаќин на многу борбени настани во своите хотели и казина во Атлантик Сити и беше многу близок пријател со претседателот на УФЦ, Дана Вајт.

Врвот на вечерта е враќањето на боксерската легенда Ивандер Холифилд, кој ќе се соочи со поранешниот шампион на УФЦ, Витор Белфорт.

Покрај тоа, ветераните на ММА, Андерсон Силва и Тито Ортиз, исто така, ќе носат боксерски ракавици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON