Дон Емини откритие на сезоната во македонскиот бокс, ќе атакува на „Златниот гонг“

Дон Емини е откритие во ова боксерска сезона во Македонија кој преку настапите за БК Шкупи го сврте вниманието на тренерите и публиката.

Емини која доаѓа од Норвешка, инаку по потекло од Макеоднија, е прогласен за најдобар млад боксер во оваа скандинавска земја. Сепак, првите борби за сениори ги направи за Шкупи и за Македонија.

Емини претстојниот викенд че настапи на Меѓународниот турнир „Злaтен гонг“ во Скопје.

„Дон  е кандидат за „Златниот гонг“. На поеднинечното Државно првенство во Охрид забележа две победи,  при што покажа врвен бокс и стигна во финалето кое ќе се одржи во некое идно коло во Првата бокс лига на Македонија. Воедно, тој е и кандидат за најдобар боксер на поединечното Првенство на Македонија“, вели неговиот тренер Насер Харуни.

Дон Емини има 19 години, роден е во Норвешка, а неговите родители се од Скопје.

„Оваа година одлучи да  боксира за БК Шкупи , пред тоа на секое доаѓање во Македонија тренираше со нас. Боксер од кого очекувам многу, и на клупско и на репрезентативно ниво“, истакнува Харуни.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON