Доминација на борачите на Бучим во изборот за најдобри спортисти на Радовиш за 2024 година

Најдобар спортист на Радовиш за 2024 година е Здравко Постолов од РК Радовиш, а истоимениот клуб е прогласен за најдобра спортска екипа. 

Борачите на Бучим Арон Николов, Илија Танчев и Марио Ананиев се прогласени за најдобри спортисти во сениорска, јуниорска и кадетска конкуренција, додека Наум Трајанов (БК Бучим) е тренер на годината.

Спортски работник за 2024 година  е Јовица Трајчев од ФК Детонит Пачковица, а Тони Анчев од БК Бучим спортски работник за повеќегодишна работа.

За посебни спортски достигнувања призанија добија:

 -Мехмет Усинов – БК  Бучим – посебно спортско достигнување

-Митко Ашкилов – Мај тај клуб „Комбат“ – посебно спортско достигнување

-Миланчо Гинов –  посебно спортско достигнување во маратон

-Здружение ,,Баскет спорт” – за 20 год. успешна организација на стритбол 3×3

-Здружение „Радовиш опен“ – за успешна организација на турнир во тенис

-Велосипедски клуб „Велолисец“ – за успешна организација на маратон плачковица

-Проект еко моментум – за успешна организација на „европска недела на мобилноста“

-Општински сојуз на училишен спорт – за успешна организација на „шестоноемвриска крос трка“

-Детски категории на ФК Детонит Плачковица“ – за омасовување на спортот

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО