Во генералниот пласман на Меѓународниот џудо турнир „Прилеп опен 2016“наjуспешна е екипата на Пролетер која воедно беше и најбројна со 54 натпреварувачи во сите возрасни категории освојуваќи вкупно 46 медали – 18 златни, 13 сребрени и 15 бронзени.
На 15-от Меѓународен турнир „Прилеп опен 2016“ учествуваа 210 натпреварувачи во 5 возрасни групи У-9, У-11, У-13, У-15 и У-17. Севкупно учествуваа 24 клубови од Македонија и соседните земји како што се Србија, Бугарија, Грција и за прв пат оваа година и од Украина. Освен аматери, учествуваа професионални џудисти кои се натпреваруваат и на европска сцена.
Златни медали освоија: Најдоски Тео, Барбара Талеска, Мето Лашкоски, Ана-Марија Трајческа, Александра Макеска, Марија Томеска, Теодора Димеска, Марко Кироваков, Мартин Петрески, Хелена Зографоска, Сара Павлоска, Тадеј Галески и Мартин Милчиноски.
Сребрени: Виктор Спиркоски, Јордан Анѓелески, Давор Велкоски, Сара Петреска, Наталија Димеска, Давид Спиркоски, Теодора Димеска, Марија Ѓорѓиоска, Христијан Ангелески, Михаил Павлоски, Симона Стојческа, Христијан Трпкоски и Христијан Ангелески.
Бронзени: Филип Тренкоски, Леонид Бакароски,Нина Николоска, Христијан Богданоски, Борче Ангелов, Гоце Ристески, Дарко Велкоски, Давид, Спиркоски, Михаил Павлоски, Хрстина Ристеска, Валентин Цаневски, Лука Петејчук, Дино Спиркоски, Леонид Гешоски, Анреј Стефановиќ.
Турнирот го отвори новиот претседател на ЏК Пролетер, Калед Симонс.
Наредна станица и проверка за џудистите на Пролетер ќе биде престојниот Европски џудо куп во Белград во октомври, каде што веќе го потврдивме учеството на нашите најдобри стандардни репрезентативци Велески Никола, Владимир Стојаноски и Ангелов Борче.
Ipon.mk/В.Д.