Специјалист за рехабилитација и физиотерапија, д-р Брајан Сутерер анализира што му се случи на Конор Мек Грегор. Според него, Ирецот го скршил скочниот зглоб порано во првата рунда.
„Озлогласениот“ загуби со технички нокаут на самиот крај од воведниот дел на мечот со Дастин Пориер. Поразот се случи откако поранешниот светски шампион на УФЦ во две категории го свитка глуждот во навидум сосема безопасна ситуација.
„Едноставно, тогаш го забележавме. Глуждот на Мек Грегор изгледаше како да е скршен порано. На видеото се гледа како тој почнува да го гази глуждот и се подготвува да направи чекор напред додека се наведнува. Без да видам слики на глуждот, можам да кажам дека тоа не се случува при стапнување, туку се случило порано. И кога ќе почне да го прави дотичниот чекор, се случува нешто како пауза“, ја анализира ситуацијата специјалистот.
https://www.youtube.com/watch?v=ec78Vsa0nes
Лекарот додава дека често се случува да се дислоцира или сврти глуждот кога има недостаток на добра поддршка, но во овој случај тоа не е случај.
„Видовме постојано свиткување на глуждот. Но, тука едноставно немаше стабилност кога го презеде чекорот. Фрактурата поминува низ тибијата и до фибулата. Многу сериозно и не може да се направи едноставно со истегнување. Сепак, треба да знаете дека кога виткате коски, тие не се толку силни како со директно влијание и притисок“, рече д-р Сатерер.