Доказ дека се е можно да се постигне: Слеп човек тренира бокс! (ВИДЕО)

Тим од „Фајтинг Европа” во петокот објави многу интересна видео приказна за 50-годишен аматерски боксер. Приказната не би била ниту интересна, ниту посебна, ако не се работи за несекојденевен аматерски спортски херој.

Имено, Јохан Сеиге е слеп околу дваесет години, но тоа не го спречило во неговите планови и понатаму да тренира бокс.

„Работата е во тоа само како гледате на ситуацијата. Ако слепилото го гледате како проблем, тогаш тоа е проблем. Мора да ја прифатите ситуацијата во која сте, а потоа можете повторно да почнете да живеете. Ако неја прифатите, ќе седите во ќош и ќе плачете. Не е убаво да се биде слеп, но мора да го прифатите тој факт. Дури тогаш можете повторно да го креирате својот живот“, рече овој исклучителнио инспиративен човек.

Секако ве советуваме да го погледнете видеото кое инспирира и коедокажува дека скоро сите проблеми во животот се решливи. Само не смеете да се откажете…

https://www.facebook.com/fightingeurope/videos/825402254295466/

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON