Двајца од најдобрите ММА борци на УФЦ во лесна категорија ќе ги одмерат силите.
Дастин Пориер и Мајкл Чендлер ќе се сретнат на УФЦ 281 на 12 ноември во Медисон сквер гарден, Њујорк. Веста ја пренесе Ариел Хелвани. Во последните недели, Пориер и Чендлер преку медиумите изјавија дека се подготвени да се натпреваруваат.
Дастин е поранешен привремен шампион на УФЦ, а Чендлер е поранешен шампион во Белатор и поранешен предизвикувач за титулата на УФЦ.
Чендлер има скор од 23-7 во ММА, а последен пат се бореше во мај оваа година. Мајкл силно го нокаутира Тони Фергусон и ја прекина серијата од 2 порази. Тој победи на 18 средби со завршница и беше нокаутиран 4 пати. Чендлер има 2 победи и 2 порази во УФЦ. Тој е еден од најатрактивните во категоријата.
Пориер, пак, има 28-7-1 во ММА и доаѓа по поразот од Оливеира кон крајот на 2021 година. Овој пораз ја прекина неговата серија од 3 последователни победи. Во последните 11 борби во УФЦ Пориер загуби само од шампионите Хабиб Нурмагомедов и Оливеира.