Договорена е борбата меѓу шампионките на УФЦ Крис Киборг и Амнда Нунеш

По неколкумесечно зборување и официјално е најавена борбата меѓу шампионките на УФЦ во бантам и перолесна категорија.

Крис Киборг (20-1, 5-0 УФЦ) на 29 декември на УФЦ 232 во Лас Вегас по трети пат ќе ја брани титулата во перолесна категорија против Аманда Нунеш (16-4, 9-1 УФЦ).

33-годишната Кристијан Џастино – Киборг појасот во категоријата од 66 килограми го освои со нокаут против Тони Евингер во јули 2017 година. Го одбрани против Холи Холм и Јана Куницкаја.

https://youtu.be/EAAR20yo2VE

https://youtu.be/Bukv6v5LJpo

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON