Поранешниот трикратен светски боксерски шампион, Шејн Мозли, тврди дека мечот на годината веќе е договорен. Се работи за пресметката меѓу Генадиј Головкин (35-0) и Канело Алварез (01/01/47).
Потсетуваме дека Мексиканецот минатиот викенд го нокаутираше Амир Кан и по импресивниот настап го прозва „ГГГ“. Головкин долго не размислуваше, па преку социјалните мрежи одговори дека е подготвен. Боксерските аналитичари веднаш рекоа дека се работи за потенцијален меч на годината, со обѕир на тоа дека и двајцата боксери се во голем налет и дека се работи меч што ќе обедини многу појаси. А сега стигна потврдата од Шејн Мозли.
„Сигурно не знаете дека дуелот Канело и ГГГ веќе е договорен. Тоа е завршена работа. Овде дознавте први“, напиша Мозли и дури го откри и датумот:
„Мојот следен меч ќе се одржи на 28 мај, но Канело против ГГГ е на 17 септември“.
Засега нема официјална потврда…