Конор Мек Грегор (21-4, 9-2 УФЦ) ќе се врати во октагонот на УФЦ со борба против Доналд Цероне (36-13, 23-10 УФЦ).
Во првиот меч по поразот од Хабиб Нурмагомедов во октомври 2018 година, 31-годишниот Ирец ќе се бори против 36-годишниот „Каубој“ на 18 јануари на УФЦ 246 во Лас Вегас.
Борбата ќе се одржи во категоријата до 77 килограми.
„Озлогласениот“ не се бореше оваа година во која имаше бројни проблеми со законот.
Цероне е во серија од два порази. Откако ги доби првите две борби оваа година (Александар Хернандез ТКО и Ал Јакинта со едногласна одлука) и стигна до серија од три победи, во јуни загуби со прекин од Тони Фергусон, потоа во првата рунда во септември беше нокутиран од Џастин Гаетје.