Договорен меч меѓу Девин Хени и Васил Ломаченко

На радост на љубителите на боксот договорена е борба меѓу светскиот шампион во лесна категорија Девин Хени (29-0, 15 КО) и Васил Ломаченко (17-2, 11 КО).

Борбата за шампионските појаси ВБА, ВБЦ, ИБФ и ВБО ќе се одржи на 20 мај во МГМ Гранд гарден арената во Лас Вегас.

Американскиот боксер ќе ги брани титулите кои ги обедини минатиот јуни кога во Мелбурн со едногласна одлука го победи Џорџ Камбосос Јуниор.

Четири месеци подоцна Хени уште еднаш го победи Камбосос во реваншот што се одржа повторно во Австралија.

Ломаченко беше во победничка серија од 13 борби кога загуби од Теофимо Лопез во октомври 2020 година, оставајќи го без шампионските појаси на ВБА (Супер) и ВБО.

После тоа Украинецот минатиот октомври ги победи Масајоши Накатани, Ричард Коми и Џемаин Ортиз и доби шанса повторно да се бори за титулата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON