Добрдушен: Бетербиев не сака да ги нокаутира во рингот

Шампионот на ВБЦ, ИБФ и ВБО во полутешка категорија (до 79,4 кг), Русинот Артур Бетербиев (18 победи со нокаут во 18 меча) изјави дека не размислува за нокаут за време на борбите.

„Не се оптоварувам каде ќе се одржи мојата борба. Не сум таков човек. Лондон, Њујорк, Москва – не е важно. Повеќе сум фокусиран на противникот.

Никогаш не размислувам за нокаут. Мислам само да бидам добар боксер, да покажам добар бокс. Боксот е моја работа. Ако некому му се допаѓа начинот на кој ја работам мојата работа, тогаш сум двојно среќен“, го цитира Бетербиев BoxingScene.

Потсетуваме, Бетербиев ноќта меѓу 18 и 19 јуни во обединувачкиот дуел го совлада Американецот Џо Смит Јуниор. Во игра беа три шампионски појаси во полутешка категорија: ВБЦ и ИБФ титулите на Бетербиев и ВБО појасот на Смит.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON