Петар Спасеновски прикажа добри борби на светската Карате 1 Премиер лига во Париз, Франција, малку фалеше да се пласира во четвртфиналето. И Вероника Костовска имаше солиден настап.
Спасеновски од Макептреол имаше одлична борба со Андриј Торашанко од Украина коија заврши 2-2, а победата му избега на 2 секунди пред крајот. И во вториот настап исто така прикжа добра борба и беше блиску до победата и при водство, а преглед на акција загуби 3-4 од Јапонецот Јунја Ето. Затоа во третата борба со Германецот Јане Хауболт не дозволи изненадување и славеше со 3-1. На крајот го зазеде второто место во групата. Прво место му припадна на Ето.
Костовска е трета во групата, во прватаборба со фаворитката Леа Авазери се избори за нерешен резултат 1-1, во втората загуби од Белгијанката Марјам Ајарај 3-6,
а резултаот со Емина Шиповиќ се уште не е објавен.
На Премиер лигата настапуваат 32-та најдобри каратисти во светот. Во елиминацискиот дел секој спортист има три задолжителни борби во својата група. Потоа само прворангираниот во групата ги продолжува борбите во четвртфиналето.
Во Париз учествуваат вкупно 380 каратисти од 70 држави.
Карате 1 Премиер лига – Париз 2025:
4 група
-61 кг
Вероника Костовска – Леа Авазери (Франција) 1-1
Вероника Костовска – Марјам Ајарај (Белгија) 3-6
Вероника Костовска – Емина Шиповиќ (Босна и Херцеговина)
1 група
-84 кг
Петар Спасеновски – Андриј Торашанко (Украина) 2-2
Петар Спасеновски – Јунја Ето (Јапонија) 4-3 со прегелед на снимка
Петар Спасеновски – Јанне Хауболд (Германија) 3-1