Доаѓа ли нова, поубоита верзија на Александар Ракиќ? Погледнете како го „крши“ фокусерите во Тајланд! (ВИДЕО)

Новогодишните одлуки на Србинот Александар Ракиќ вклучуваат значителен пресврт, поточно обид да направи одреден пресврт во кариерата. На крајот на 2024 година Ракиќ го распушти тренерскиот тим и реши да тргне во сосема нов правец.

Александар не беше задоволен од настапите на неколку претходни настапи и чувствуваше дека во претходната средина не го прави напредокот што го очекуваше. Промените беа неопходни, бидејќи Ракиќ претрпе три последователни порази и победата е императив во неговиот следен настап. Откако го распушти својот тим, Ракиќ најави дека една од првите станици во 2025 година ќе биде Тајланд.

Иако од почетокот на кариерата е познат како многу добар удирач со кик бокс база, Ракиќ сака дополнително да го „изостри“ оружјето, а Тајланд е дом на елитните мајстори на мај тај, кои можат да го направат Ракиќ уште поопасен удирач. Ракиќ секојдневно вложува многу труд и редовно објавува содржини од тренинзите во Тајланд, а своите фанови ги воодушеви со најновото видео.

На видеото се гледа како Ракиќ удира во фокусер и често ги користи лактите и колената. Него го води светски познатиот тренер за мај тај Натават Јохфрома, исто така главен тренер на тимот на Бангтао мај тај. Натават како борец има акумулирано повеќе од 400 натпревари во мај тај, тој е одличен познавач и апсолутна легенда на спортот. Ракиќ последниве денови често соработува со него и многу фанови сега очекуваат нова, подобрена верзија на Александар Ракиќ.

Ракиќ не ги запоставува аспектите на физичката кондиција, ниту тренингот на партр додека е во Тајланд. Редовно прави и тренинзи од ваков карактер и е во одлична форма, иако во моментов нема закажан претстоен настап. По завршувањето на посетата на Тајланд, Ракиќ се очекува да помине извесно време со Мирко Филиповиќ – Кро Кап и се надеваме дека ова е годината во која Ракиќ навистина го прави посакуваниот пресврт и се враќа на победничките патеки.

Сигурни сме дека може многу подобро од она што го покажаа неговите најнови резултати во кафезот!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО