Дмитри Бивол откри дека борбата против Артур Бетербиев ја гледал најмалку три или четири пати

Во октомври минатата година, Артур Бетербиев го победи Дмитри Бивол со мнозинска одлука во мечот за апсолутен шампион во полутешка категорија.

По малку резервиран старт, Артур ја презеде контролата на половина од борбата и ја оствари најголемата победа во кариерата.

Киргистанецот и неговите навивачи беа разочарани од исходот, но Бивол има шанса во сабота да му се реваншира на Бетербиев.

Нивниот дуел за неприкосновен шампион е водечки на настанот „Последното крешчендо“, што ќе се одржи во Ријад на 22 февруари.

Во пресрет на реваншот Бивол откри дека барем неколку пати ја гледал борбата против Бетербиев и се сеќава на секој момент од таа пресметка.

„Го гледав тој меч три-четири пати„ рече Дмитриј Бивол и продолжи:

„Видов добри и лоши моменти во рој борби и дојдов до едноставен заклучок – морам да бидам подобар на сите позиции. Побрзо, поцврсто и попаметно. Треба да бидам подобар во се. Знам се за мојот противник и научив дека не сакам да губам. Треба да се трудам повеќе и да бидам потрпелив“.

Поразот на Бивол од Бетербиев беше прв во неговата кариера, а сега сака да му врати, бидејќи Артур досега не загубил ниту еден професионален меч.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО