Дистрија Красниќи освои злато за Косово на ЛОИ, втор на Олимпијадите

Дистрија Красниќи е херојот на Косово на стартот на Олимписките игри во Токио. Во категоријата до 48 килограми, Косовката беше најуспешна во џудо и се закути со златниот медал. За Косово ова е второ злато на вторите ЛОИ во нивната историја.

После Малинда Келменди, една од најдобрите џудистки на светот, која во Рио де Жанеиро во 2016 година стигна до првото олимписко злато за Косово, Красниќи сега го освојува второто откако во финалето со 1-0 ја победи Фуну Тонаки.

Косово на овие ЛОИ дојде со само пет спортисти, а веќе на стартот освои медал и тоа најсјаен, нешто што Македонија на пример чека 20 години за било каков медал и до овие Игри ниту еден наш спорист не беше ни близу да стигне до пиедесталот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON