Новиот директор на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, вчера го следеше Државното првенство во бокс во Штип, притоа се сретна со претседателот на Боксерската федерација на Македонија (БФМ), Игор Златков, како и со членовите на Управниот одбор и тренерите на репрезентацијата и клубовите.
На Каевски од Боксерската федерација му укажаа за актуелните состојби и проблеми кои очекуваат да се решат.
Ipon.mk