Дионтеј Вајлдер е уверен дека ќе го направи инвалид Доминик Бризил, кога ќе му биде наложено во иднина да ја брани титулата против него. Вајлдер (40-0, 39 KO) рече и дека Бризил (19-1, 17 КО) ќе го добие она што си го бара.
Бризил е задолжителен предезвикувач за титулата нa Вајлдер и инсистираше на борба со непоразениот шампион. Сепак, Вајлдер сака во ноември да се бори со Тајсон Фјури (26-0, 19 КО), бидејќи во овој меч има многу повеќе пари.
„Веќе бевме свесни дека Бризил зборуваше и го опипува пулсот за борба со мене, но приказните се без ефект. Нема како да ме изнервираш со приказни, кога физички не можеш ништо да ми направиш. Умот веќе ми е насочен за борбата со Бризил.
Кога ќе се случи оваа средба сакам неговиот син да дојде на сцената, за да го види човекот кој ќе го направи татко му инвалид. Бризил сака луѓето да го жалат, но тоа нема да се случи. Бризил ќе си го добие она што го заслужува“.
Бризил ќе добие шанса против Вајлдер, но тоа најверојатно ќе се случи следната година.
.