Дионтеј Вајлдер против Жилеј Жанг на настан предводен од мечот меѓу Џошуа и Нгану?

Откако е договорена борбата меѓу Ентони Џошуа и Френсис Нгану на боксерскиот настан што ќе се одржи на 9 март во Саудиска Арабија, се чини дека е на пат уште една голема борба.

Имено, како продолжение на сезоната во Ријад, наскоро ќе се одржи уште едно спектакуларно шоу организирано од Општиот орган за забава предводен од Турки Алалшик.

Тие организираа настан во октомври, каде Тајсон Фјури се бореше против Френсис Нгану, а во декември Ентони Џошуа против Ото Валин и Дионтеј Вајлдер во меч со Џозеф Паркер.

Познато е дека Џошуа и Вајлдер веќе имаа договорено борба за март, но откако Бронзениот бомбардер загуби од Паркер, тој план пропадна.

Но, поранешниот шампион на ВБЦ би можел брзо да се врати во рингот. Имено, откако Џошуа и Нгану се согласија за заеднички дуел, започна приказната дека Дионтеј Вајлдер исто така би можел да се појави на истиот настан во меч против Жилеј Жанг.

Изгледа дека и двајцата треба да бидат на програмата на настанот што го предводи дуелот меѓу Џошуа и Нгану, така што можноста за взаемна конфронтација не е исклучена.

Кинескиот тешкаш е привремениот шампион на ВБО, кој лани двапати боксираше против Џо Џојс и двата пати победи убедливо. Во април беше запрен во шестата рунда, а во реваншот победи со нокаут во третата рунда.

Во октомври 2022 година Жанг боксирше против Филип Хрговиќ и го претрпе првиот пораз во кариерата. Хрватскиот боксер победи со едногласна одлука на судиите по 12 рунди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON