Дионтеј Вајлдер потпиша договор со Шоутајм за три борби

Шампионот во тешка категорија на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер, одлучи да остане со Шоутајм. Тој доби понуда од 100 милиони долари од ДАЗН за 3 борби, една со Бризил и две со Џошуа, но одлучи да ја одбие и да остане со Шоутајм. И ЕСПН имаше понуда за Вајлдер тешка 32,5 милиони американски долари и вклучуваше два меча, со Бризил и со Фјури, но и таа беше одбиена.

Дионтеј Вајлдер ќе ја брани титулата против Доминик Бризил на 18 мај. Неодамна имаше гласини дека му нудат големи пари на Владимир Кличко да се врати од пензија и да се бори со Вајлдер, но услов е да ја одбрани титулата против Бризил.

https://twitter.com/theCHAMPSIDE/status/1108053801624231937?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed&ref_url=https%3A%2F%2Fmma.bg%2Fnovini%2Fboks-novini%2Fdeontay-wilder-podpisa-za-3-bitki-s-showtime

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON