Дионтеј Вајлдер никогаш не ги проучува противниците преку видео

diontej vajlder maskiran

Светскиот шампион во тешка категорија во верзијата ВБЦ, Дионтеј Вајлдер, оваа сабота ќе ја брани титулата против сонародникот Крис Ареола, а „Бронзениот бомбардер“ не ка крие самодовербата пред мечот.

За медиумите Вајлдер изненадувачки изјави дека никогаш не ги проучува противници преку видео пред да се сретне со нив, што најверојатно изненади многумина.

„Кога станува збор за Дионтеј Вајлдер, луѓето ме познаваат по нокаутите кои им ги приредувам. Она што ме разликува од другите боксери во тешка категорија е начинот на кој ги нокаутирам противниците. Не само што те нокаутирам, јас навистина те терам да заспиеш“.

„Никогаш не ги проучувам противници гледајќи видео материјали. Сакам да бидам изненаден и да бидат предизвикан. Тоа го прави овој спорт толку голем. Имам вештина да станам од креветот и да се борам. Можам да правам работи кои обичните боксери не можат. Не ми се наметнува да поминувам километри на тренинзите. Благословен сум со издржливост “.

Дионтеј Вајлдер ја освои титулата во јануари 2015 година, а досега успеа три пати да ја одбрани, и тоа со нокаути.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON