Дионтеј Вајлдер ја прифати прозивката на Џарел Милер: Единственото нешто со што победува се хамбургерите

Неодамна Џарел Милер го предизвика на борба поранешниот шампион на ВБЦ во тешка категорија Дионтеј Вајлдер и рече дека ќе го скрши.

„Ако некогаш се согласиме на борба, тоа ќе биде „блокбастер“! И двајцата можеме да заработиме многу пари. А јас сè уште сакам да го здробам“, изјави неодамна „Големото бебе“.

Но, засега нема ништо од таа борба, бидејќи и двајцата имаат закажани борби, Вајлдер ќе се бори со Тајрел Ентони Херндон на 27-ми јуни, додека Милер на 7-ми јуни ќе се бори со Фабио Вардли.

Ова ќе биде прва борба на Бронзениот бомбардер по тешкиот пораз со прекин од Жилеј Жанг, а Големото бебе ја имаше последната борба против Енди Руиз Јуниор, која заврши нерешено.

Вајлдер има четири порази во последните пет борби и ова е можеби неговата последна шанса да се врати во друштвото на најдобрите.

Деновиве, тој го потврди своето величествено враќање и одговори на повикот на Милер.

„Единственото нешто на кое победува се хамбургерите, тој е навистина добар во тоа“, рече Дионтеј Вајлдер и продолжи:

„Многу зборува. Но, ако може да се договори таа борба, веднаш ќе ја направиме, едвај чекам. Се надевам дека веќе си платил гробно место. Не се шегувам. Да го видам денес, веднаш би му удрил шлаканица. Дионтеј Вајлдер се врати и сите треба да го почитуваат тоа“!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON