Дионтеј Вајлдер. Ги нокаутирам луѓето и притоа сум чист

Vajlder go udira Spilka

Светскиот шампион во бокс во тешка категорија во верзија на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер, имаше негативен допинг тест по мечот за титулата со Крис Ареола, кој, исто така, е чист на допинг средства.

По ова, Американецот изјави дека секој кој користи допинг треба да биде казнет, јавно посочувајќи го официјалниот кандидат за титулата, Александар Поветкин, кој беше фатен со мелдониум.

„Ако имаш потреба од такво нешто, за да си ја завршиш добро работата, всушност не ја заслужуваш оваа работа. Видете ме мене – и така и онака сум голем и ги нокаутирам луѓето, последиците ми ја загрозуваат кариерата. И при тоа сум чист. Можете ли да замислите што ќе се случеше ако и јас ги земав оние работи кои ги пие Попај морнарот? Но никогаш нема да го направам тоа. Ќе продолжам да се борам против допингот и сакам да ме запомнат по тоа“, изјави Вајлдер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON