Дионтеј Вајлдер би можел да се бори за титулата против непоразен тешкашки ВБЦ првак во своето враќање

Дионтеј Вајлдер би можел да добие шанса да се бори за титулата кога ќе се врати во рингот.

Поранешниот шампион на ВБЦ во тешка категорија беше еден од најстрашните борци во дивизијата, минувајќи непоразен во своите први 43 борби. За време на неговото владеење, тој го бранеше појасот десет пати, нокаутирајќи ги борците како Луис Ортиз, Бирмејн Стиворн, Крис Ареола, Ерик Молина и Доминик Брезил.

Сепак, неговото владеење го заврши Тајсон Фјури во 2020 година нокаутирајќи го и му го нанесе првиот пораз во кариерата. Оттогаш „Бронзениот бомбардер“ имаше големи проблеми во рингот.

По уште еден пораз од Фјури во 2021 година, Вајлдер го нокаутира Роберт Хелениус една година подоцна, но следеа дополнителни порази од Џозеф Паркер и Жилеј Жанг.

Поразот од Жанг беше особено брутален – беше нокутиран во петтата рунда, што ги натера многу фанови да се запрашаат дали некогаш ќе се врати во рингот.

Но, Вајлдер сега има шанса да направи големо враќање, откако претседателот на ВБЦ Маурицио Сулејман рече дека може да го предизвика привремениот шампион на ВБЦ, Агит Кабајел, кој неодамна го запре Жанг со брутални удари во телото.

Со оглед на тоа дека ВБЦ не сака да му наметне задолжителен предизвикувач на Александар Усик, Сулејман ја објасни ситуацијата за Скај спорт:

„Победникот во борбата Жанг-Кабајел е борец од највисоко ниво. Но, ние исто така поддржуваме обединување на титулата затоа што како можете да гледате како Усик го губи појасот? Тоа беше ужасно (кога мораше да се откаже од појасот на ИБФ). Сега може повторно да се бори за апсолутен шампион со Дубоа. Ќе видиме. Нема ништо да форсираме”.

„Кабајел ја има привремената титула на ВБЦ која може да ја брани. Има и други големи борби, како онаа против Џошуа, Вајлдер или дури и Фјури. Има многу можности за големи борби“.

Кабајел е непоразен со 26-0 со 18 нокаути и ги победи Жилеј Жанг, Франк Санчез и Арсланбек Махмудов во неговите последни три борби за да се наметне како сериозен кандидат во тешка категорија.

Сепак, останува неизвесно дали Вајлдер навистина ќе се врати во рингот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО