Димитров и Петковски со сите сили до добар резултат на СП во самбо

curino-so-ekipata-vo-berane

Битолчаните Ристо Димитров и Александар Петковски ќе ја претставуваат Македонија на Светското првенство во самбо кое почнува денеска во Софија, Бугарија, и ќе трае до 14 октомври. Тие ќе се борат во комбат самбо.

Curino i Taletino na piedestal na DP sambo 2016

Димитров кој и лани настапи на СП во Казабланка-Мароко, вели дека е подготвен и поискусен за едно светско првенство.

„Подолг период се подготвуваме за ова Светско првенство, знаејќи дека ова ќе биде едно од најсилните првенства организирани од ФИАС и дека конкуренцијата е огромна и силна, ние сме во топ форма. Кондиционо сме одлично подготвени, па останува да видиме како ќе биде на СП.

Гледајќи ги школите и тактиките на другите репрезентации, како и акумулираното искуството од Мароко, заедно со раководството на Самбо федерацијата на Македонија направена е тактика, која треба да ја примениме во борбите на СП“, вели Димитров.

aki-petkovski-berane-2016

Тешкашот Александар Петковски во последно време има одлични настапи и речиси не знае за пораз.

„Очекувањата ми се големи и сум импресиониран бидејќи ова е голем настан. Конкуренцијата е силна, а јас сум максиламно подготвен. Но, од друга страна, ме мачи повредата која што не можев да ја санирам. Ама, како и да е, со сите сили одиме на Светското првенство“, истакнува Александар Петковски.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON