Божидар Димитиревиќ и Давид Велковски го исполнија и последниот критетиум за учество на Светското таеквондо првенство на ИТФ кое ќе се одржи во Пловдив –Бугарија од 24-30 август.
Двајцата јуниори кои се докажани натпреварувачи на бројни меѓународни натпревари, по 7 годишен труд се изборија за критериум за учество на Светско првенство, покрај бројните меѓународни медали освоени на бројни турнири, тие успешно положија и за црн појас I дан, кој беше последниот критетиум.
„Имавме прилика да уживаме во текот на полагањето, при што двајцата се во врвна форма поради подготовките за Светсктот првенство, одлична демонстрација на целокупната техника, тест на снага (кршење штици), специјални техники (кршење штици во висина со атрактивни удари), самоодбрана, физичка спремност, форми (борба со замислен противник), спаринг (борби со опрема со полн контакт), теорија. Исто така, двајцата уште еднаш ќе имаат испит пред Светското првенство пред гранд мастер Ким Унг Чол – црн појас IX дан и пред другите мастери од цел свет“, изјави Марјанчо Лазаревски, црн појас V дан, претседател на македонската ИТФ.
Исто така Лазаревски изјавува дека е 100 отсто сигурен во нивната подготвеност за повторниот испит, кој самиот вели дека цело лето место на плажа, неговите натпреварувачи летото го поминале во спортската сала, подготвувајќи се за Светското првенство.
„Ова е прв натпревар од ваков калибар на двајцата наши натпреварувачи, а конкуренцијата и кај двајцата е огромна. Давид Велковски се натпреварува во форми јуниори за црн појас I дан и борби -69 кг. јуниори 16-17 години, додека Божидар Димитриевиќ се натпреварува во форми јуниори за црн појас I дан и борби +70 кг, јуниори 14-15 години. На двајцата ќе им требаат по 5-6 победи за медал, па се надеваме дека нема да ги совлада тремата и ќе дадат се од себе да не израдуваат со добар пласман“, заврши Лазаревски.
Ipon.mk