Боксерот Димитар Ташков отиде во Чешка по нов адреналински предизвик на Мото ГП трката во Брно, Чешка.
Не го остави боксот за да учествува на мото трка, туку да си го исполни адреналинскиот нагон и да го види својот омилен моторџија
„Адреналинската искра и брзата реакција е заедничката страна на боксот и моторите…Едноставно, мораш многу брзо да размислуваш и реагираш, и во ринг и на мотор“, вели боксерскиот репрезентативец на БК Пинк Пантер од Штип, Димитар Ташков.
Тој вели дека страста и симпатиите према моторите кај него се јавуваат токму поради екстремноста и непредвидливоста. Исто како и во боксот!
„46 е мојот фаворит. Се надевам дека јамахата и Валентино Роси, како и многу пати досега, и овојпат први ќе ја поминат стазата, и секако, ќе се искачат највисоко на пиедесталот“, истакнува Димитар.
Ipon.mk/В.Д.