Боксерот на Пинк Пантер од Штип, Димитар Ташков, еден од најдобрите сениори во нашата држава, е нокаутиран од Сања Костадинова Ташкова, по што мораше да потпише „капитулација на ерегнскиот живот“. Среќа е што нема забележливи повреди на лицето.
Иако имаше силна поддршка од кумот Бобан Данов, репрезентативецот на Македонија во борење, потоа од сумо борачот и борач Благој Арсов му немаше спас и сега мора добро да плива во брачните води.
По нокаутот свадбата станала многу весела, а штипјани раскажуваат детали како течела, кој како бил облечен, но голем впечаток и оставило малото боксерче.
Свадбата се одржа во штипскиот ресторан „Прециз“, а имаше многу гости од бортечките спортови, како репрезентативецот во борење Дејан Митров, кој овој викенд беше и на пеливански турнир, клупскиот другар и тренер Илија Младеновски. Посебно расположен бил тешкашот на БК Пинк Пантер, Таше Ташков, брат на Димитар.
Бидејќи на свадбата имјало многу силни момчиња, паднало договор да си ги одморат силите во играње, веселење и лепење пари на музиката.
ipon.mk/В.Д.