Трикратниот светски првак Димитар Ѓоргиев се пласира во финалето на Европското кик бокс првенство за сениори во Братислава, Словачка, совладувајќи го Србинот Милош Цвјетичанин со 3-0 во полуфиналето.
Ѓоргиев во финалето за златниот медал ќе се бори со Рамазан Баксанов од Русија кој го совлада Полјакот Кацпер Фрачак со 3-0.
Ѓоргиев во четвртфиналето го совлада Унал Озлеме (Турција) со 3-0.
И Бобан Илиоски (-81 кг, К1) ќе го напаѓа финалето во борбата со Белорусинот Дмитри Баранау.
„Димитар победи со 3-0. Супер се избори. Паметно и сигурно, невпуштајќи се во авантури на размена на удари. Сите комбинации му беа одмерени и сугурни. Диме се враќа во форма, четврти пат освои злато за Македонија, само овој пат во ринг“, изјави селекторот Дејан Митровски – Урко.
Резултати Европско првенство кик бокс – Словачка
-86 кг, лоу кик
Димитар Ѓоргиев – Унал Озлеме (Турција) ¼ финале 3-0
Димитар Ѓоргиев – Милош Цвјетичанин (Србија) ½ финале 3-0
Финале
Димитар Ѓоргиев – Рамзан Баксанов (Русија)
-81 кг, К1
Бобан Илиоски – Гај Гошиќ (Хрватска) ¼ финале 3-0 (КО, Р2)
Бобан Илиоски – Дмитри Баранау (Белорусија) ½ финале
-57 кг, кик лајт
Филип Ризов – Матија Форнаро (Италија) 1/8 финале 1-2
Ipon.mk