Димитар Ѓоргиев го обезбеди четвртото полуфинале за Македонија на ЕП (ФОТО)

dimitar-gorgiev-ep-grcija-borba-2016

И Димитар Ѓорѓиев е во полуфиналето Европското првенство во кик бокс во Лутраки, Грција, откако во четврфиналето триумфираше со убедливи 3-0 против Унгарецот Питер Жарко во кик лјат до 74 килограми.

Димитар Ѓорѓиев имаше уште еден импресивен настап на шампионатот кога е во прашање овој спорт.
Тој обезбеди пласман помеѓу најдобрите четири, а во полуфиналето ќе се сретне со Словакот Марек Карлик.

Да потсетиме дека денеска и Ненад Манојловски (-69 кг) се палсира во полуфиналето откако во четвртфиналето го совлада со 3-0 Тиболт Лескан од Франција. За влез во финалето ќе се бори со Украинецот Володимир Демчук кој го совлада Бугаринот Лубомир Бакалски.

Марија Божиновска во категоријата до 70 кг директно се пласира во полуфиналето каде што ќе се бори против Илкај Менгуџ од Турција. Но и таа имаа обезбедено бронзен медал, бидејќи директно е полуфиналето и ако ја помине Турчинката во финалето ќе се бори со Катарина Квичиен од Полска.

kik-boks-reprezentacija-na-skali-na-ep-grcija-2016

Вчера и Милан Кубин обезбеди најмалку бронза, па така Македонија со шест натпреварувачи до сега обезбеди четири бронзи кои може да се претворат во сребрени и златни медали.

„Македонија веќе има четири медали на 44-то Европско сениорско првенство во кик бокс, што е голем успех за нашата земја, затоа што од вкупно шест натпреварувачи кои ги бранат боите на нашиот национален тим, во борбата за медали не се пласираа единствено Стефани Тодорова и Јетмир Емрули, кои беа елимирани во првата фаза од натпреварите на ЕП“, велат од таборот на нашата репрезентација.
Утре на програмата се полуфиналните натпревари на шампионатот, а на татамите ќе излезат сите наши репрезентативци.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON