Димитар Ѓоргиев е eвропски првак.
Ѓоргиев во финалето на Европското кик бокс првенство за сениори во Братислава, Словачка, го совлада Рамазан Баксанов од Русија со 3-0.
По трите светски титули ова е прва европска и тоа во лоу кик.
Да потсетиме дека Бобан Илиоски (-81 кг, К1) го освои бронзениот медал, па така од ЕП се враќаме со два медали.
„Многу на сила му потроши Русинот и беше многу поснажен. Димитар паметно изработи, не се опусташе во силување на борбата, туку работеше паметно од дистанца и во текот на целата борба беше во водство“, вели селекторот Дејан Митровски – Урко.
Резултати Европско првенство кик бокс – Словачка
-86 кг, лоу кик
Димитар Ѓоргиев – Унал Озлеме (Турција) ¼ финале 3-0
Димитар Ѓоргиев – Милош Цвјетичанин (Србија) ½ финале 3-0
Финале
Димитар Ѓоргиев – Рамзан Баксанов (Русија) 3-0
Ipon.mk