Димитар Ѓоргиев за европската титула на ВАКО про: Ќе дадам се од себе појасот да биде во Македонија

Димитар Ѓоргиев на 3 јуни се бори за првата професионална титула во кик бокс. Нашиот најдобар кикбоксер на ВАКО про турнирот „Бател фор белт“ во Зворник, Босна и Херцеговина, ќе се бори за европската титулата „ВАКО про“ во категоријата до 81,4 килограми.

Противник на Ѓоргиев е домашниот борец Никола Дробњак.

Наовој туирнир настапува и Бобан Илиоски. Тој ќе се бори против Хравтот Борна Манојловиќ во К-1 до 83 килограми

Настанот е со почеток од 20:00 часот и пренес на „Арена фајт“.

На 3 јуни си пред нов голем предизвик во кариерата, борба за европската титула на ВАКО Про. Дали Македонија и Димитар Ѓоргиев ќе се радуваат на нов голем успех?

-Задолжително одиме на победа!

Противникот Никола Дрбоњак настапува пред домашна публика. Дали е тоа предност или притисок за него?

-Сметам дека настапот пред домашна публика е од огромна предност, нормално имаш притисок, но и многу повеќе мотивација.

Кој е Дробњак?

-Дробњак е искусен борец кој долги години настапува на светски и европски првенства. Со него досега сум имал две борби, од кои една имам изгубено и една победа на последното Светско првенство

Како се подготвуваше за овој меч?

-Напорно, со многу тренинзи за физичка издржливост со мојот тренер Илија Исаковсик, како и технички со Ненад Манојловски, нашиот долгогодишен кик бокс репрезентативец.

Што ќе значи за тебе титула во професионалниот кик бокс, покрај оние во аматерска конкуренција?

-Ова е ми е првпат да се борам за ваква титула во професионален кик бокс. За мене е многу битна оваа борба и ќе дадам се од себе појасот да биде во Македонија!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON