Димитар Ѓоргиев ќе се бори за златниот медал на Светското кик бокс првенство

Димитар Ѓоргиев се палсира во финалето на Светското првенство во кик бокс во Џесоло Лидо во Италија. Ѓоргиев во полуфиналето со 3-0 го победи бугарскиот репрезентативец Никола Николов.

Ѓоргиев во финалето за златниот медал ќе се бори со Никола Дробњак од Босна и Херцеговина кој во полуфиналната борба славеше против Елјан Алкишиев од Азербејџан.

Популарниот Диме може да се запише во историјата на кик боксот и по четврти пат да стане светски првак.

За жал, Бобан Илиоски не се пласира во полуфиналето. Илиоски загуби -03 од Александар Менковиќ од Србија.

На Светското првенство учетсвуваат 1418 кикбоксери со 1593 натпреварувачки влезови од 69 држави.

Резултати – СП:
Лоу кик
-81 кг Димитар Ѓоргиев – Давид Дано (Италија) 3-0
-81 кг Димитар Ѓоргиев – Милош Даковиќ (Србија) 3-0
Полуфинале
-81 кг Димитар Ѓоргиев – Никола Николов (Бугарија) 3-0
Финале
-81 кг Димитар Ѓоргиев – Никола Дробњак (БиХ)

К-1
-86 кг Бобан Илиоски – Адријан Бартл (Словачка) 0-3
-86 кг Бобан Илиоски – Александар Менковиќ (Србија) 0-3

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON