За успешниот настап и презентација на македонското таеквондо на Олимписките игри во Париз, од страна на Мила Рељиќ, стигна честитка од страна на првиот човек на Светската таеквондо федерација, Чуе Чунгвон.
Тој му се заблагодари на претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК) Даниел Димевски за досегашната одлична соработка и изрази подготвеност за зголемена поддршка на најдобрите македонски таеквондисти и Македонската таеквондо федерација.
Беше истакнато дека наша заедничка цел е освојување на што повеќе медали од европските и светските првенства, како и на следните Олимписки игри во Лос Анџелес во 2028 година.