Британскиот боксер во тешка категорија Дилиeн Вајт постигна убедлива победа со ТКО во седмата рунда над Ганаецот Ебенезер Тете на 15 декември во Гибралтар. Ова беше негова втора борба по враќањето во рингот оваа година.
An absolutely CRAZY end to the sixth round 👀#WhyteTetteh | Live on DAZN pic.twitter.com/Fm5IbZPu2c
— DAZN Boxing (@DAZNBoxing) December 15, 2024
36-годишниот Тете, кој во 2019 г. беше нокутиран во првата рунда од Даниел Дубоа, можеше да му одолее на Вајт во раните рунди. Сепак, Вајт се престрои до петтата рунда, покажа поголема прецизност и контрола, што доведе до прекин по седмата рунда од аголот на Тете.
Пред оваа борба, Дилиен Вајт во март го победи Кристијан Хамер, завршувајќи ја борбата во три рунди. По победата над Тете, Вајт призна дека долгата пауза од рингот влијаела на неговиот настап.