Британската ѕвезда во тешка категорија Дилиен Вајт побара да се бори против Александар Поветкин. И двајцата боксери имаат договори со Еди Херн.
Тие боксира на големиот настан во Саудиска Арабија во загревачките борби на мечот меѓу Ентони Џошуа и Енди Руиз, Jуниор.
„Дефинитивно сакам мојата следна борба да е со Александар Поветкин“, изјави Дилиен Вајт.
Вајт имаше некои проблеми против ветеранот Мариуш Вах во последениот меч, но победи на поени. Поветкин и Мајкл Хантер се изборија за нерешен резултат.