Дилиен Вајт поради повреда го откажа мечот против Џо Џојс

Британскиот боксер Дилиeн Вајт ја откажа борбата против сонародникот Џо Џојс поради повреда на раката на настанот што ќе се одржи на 5 април во Цо-оп лајв аерна во Манчестер.

Џојс ќе остане на програмата, а ќе добие уште друг противник. На истиот настан Лоренс Околи ќе се бори против Ричард Ријакпоре.

Тоа е тежок удар за 36-годишниот Вајт, кој се обидува уште еднаш да ја оживее својата кариера. Во последните две години имаше само две борби. Боди снечер лани ги победи Кристијан Хамер и Ебенезер Тетех.

А Џојс бара враќање на големата сцена по двата порази од Жилеј Жанг, а во последниот меч загуби и од Дерек Чисора.

„Поради повреда на раката здобиена за време на тренинг кампот Дилиен Вајт не може да се натпреварува во закажаната борба на 5 април против Џо Џојс“, се вели во соопштението на Квинсбери промоцијата.

Југернаут наскоро ќе го дознае името на противникот кој ќе застане како замена на Вајт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО