Дилиен Вајт бил позитивен на допинг-тестот по победата над Оскар Ривас во саботата во Лондон.
„Боди снечер“ славеше со едногласна одлука на судиите по 12 рунди. Со таа победа, 31-годишниот Јамајчанец ја освои титулата на привремен шампион на ВБЦ и стана предизвикувач на шампионот во тешка категорија Деонтеј Вајлдер.
Повеќе извори потврдија дека примерокот А е позитивен на една или повеќе забранети супстанции.
Тестот го спроведе Британската антидопинг агенција (УКАД).
Резултатите, наводно, биле познати три дена пред борбата. Исто така, наводно, со тоа биле запознаени од кампот на Вајт и промоцијата Мечрум бокс, како и британското тело Британскиот боксерски одбор за контрола. Но, BBBoC дозволи мечот да се одржи.
Боксерот има право на жалба, а додека процесот не се заврши, тој нема да биде санкциониран.
На Вајт ова не му е првиот пад на допинг-тест. Во 2012 беше суспендиран две години откако беше позитивен за метилхексамин за борбата со Сандор Балог.
Вајто за борбата со Колумбицеот во која заврши на подот во деветата рунда беше невообичаено тежок со 117,5 килограми.
Останува да се види што ќе се случува со неговата борба со Вајлдер, но се шпекулира дека ВБЦ би можел Вајлдер го прогласи за „шампион на франшизата“ и на тој начин да го ослободи од борбата со задолжителниот предизвикувач.