Дилиeн Вајт изјави дека не го потценил Александар Поветкин во првиот меч меѓу нив.
„Луѓето мислат дека го потценив Поветкин. Не го потценив. Ова е тешка категорија. Секој може да биде нокаутиран. Ентони Џошуа се бореше со Енди Руиз со три недели продготвување и беше нокаутиран. Руиз имаше три недели да се подготви и да ги освои појасите. Ова е тешка категорија“, му рече англискиот боксер на новинарот Крис Маникс од ДАЗН.
Да потсетиме, Александар Поветкин го нокаутира Вајт во првиот судир меѓу нив на 22 август во тренинг кампот на Мечрум во Брентвуд, Англија.
Вториот судир меѓу Поветкин и Вајт требаше да се случи на 21 ноември 2020 година, но нивниот меч беше одложен за 2021 година поради состојбата на Русинот.
На највисоко рангираниот руски боксер во тешка категорија во професионален бокс му беше дијагностициран Ковид-19. Подоцна беше испратен во самоизолација во московска клиника за лекување. „Рускиот витез“ целосно се опорави и беше закажан нов датум за средба – 6 март.
„Сакам да се борам за титулата. Затоа сум во овој спорт. Ме интересира само да го победам Александар Поветкин, бидејќи ако го сторам тоа, тогаш можам да размислувам за титулата. Ако го победам Поветкин, дали ќе учествувам на меч за загревање? Не! Сакам големи борби“, заклучи Вајт.