Дилиен Вајт: Ентони Џошуа сака лесни борби

Дилиен Вајт не е задоволен од тоа што Ентони Џошуа се уште не избрал противник за борбата на 13 април во Лондон.

Вајт успеа да го нокаутира Дерек Чисора ​​и влезе во серија од девет последователни победи минатата година и го предизвика ЕЏ кој се качи на рингот и изјави дека ќе се бори со него, но само ако Дионтеј Вајлдер му откаже. Неодамна се појави информација дека Џошуа ќе се бори против Џарел Милер, нешто што воопшто не му се допаѓа на Дилиен и тој одлучи да го критикува.

„Мислам дека Џошуа веќе почна да мисли како бизнисмен и си вели „Можам да имам лесни борби и пак ќе направам милиони, па зошто да не? Го предизвикав во живо и си мислев дека така ќе ја направиме средбата официјална, но бев разочаран од неговиот одговор.

Бев подготвен да слушнам од него: „Да го направиме тоа“! Но, не го кажа тоа. Вајлдер нема да се бори против него, бидејќи го претпочита Тајсон Фјури. Од одговорот што го дал мислам дека ЕЏ би можел да ја сака оваа битка, но не и неговиот тим“.

https://twitter.com/WorldBoxingWall/status/1082354434699653120?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed&ref_url=https%3A%2F%2Fmma.bg%2Fnovini%2Fboks-novini%2Fdillian-whyte-anthony-joshua-iska-lesni-bitki

https://twitter.com/ManUtdInPidgin/status/1081142143471751168?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed&ref_url=https%3A%2F%2Fmma.bg%2Fnovini%2Fboks-novini%2Fdillian-whyte-anthony-joshua-iska-lesni-bitki

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON